Корисничко име Лозинка Пријави се
25.8.2018

Роналдо повторно не даде гол, Јувентус победи

„Старата дама“ со 2:0 славеше против Лацио

Кристијано Роналдо го одигра вториот меч за Јувентус и повторно не се израдува на погодок, но најважно е што гигантот од Торино повторно победи. Актуелниот италијански првак со 2:0 славеше против Лацио, во мечот со кој стартуваше второто коло во Серија А. 
Миралем Пјаниќ со прекрасен удар од околу 20 метри го доведе фаворитот во водство во 30 минута и најави дека нема да има никакво изненадување во Торино. Сите дилеми околу победникот беа решени во 30 минута од второто полувреме, односно во 75 минута од мечот. 
По една добра акција, Кристијано Роналдо се најде во идеална ситуација за погодок, но гостинскиот голман малку ја чепна топката, доволно да не дозволи Роналдо да се израдува на погодок. На одбиената топка натрча Марио Манџукиќ на кого му беше лесно да ја погоди празната мрежа. 
За Јувентус ова е втора победа во второто коло со што само се потврдува дека повторно е главен фаворит за скудетото. 

 

Најнови вести