Корисничко име Лозинка Пријави се
22.11.2011

Анелка во јануари заминува за Кина

Како што шпекулираат француските медиуми, Никола Анелка, најверојатно, во јануари ќе премине во редовите на кинескиот клуб Шангај Шенхуа.

Наводно, триесет и двегодишниот напаѓач на Челзи се договорил со челниците на кинескиот клуб за сума од 10,6 милиони евра по сезона.

За францускиот репрезентативец беа заинтересирани и северноамериканските прволигаши Њујорк, Филаделфија и Монтреал, како и ПСЖ и рускиот Анжи.

Се споменуваше и можноста Анелка да заигра и за Милан, но „росонерите“ го посакуваа на заем, што тој го одбил, според француските медиуми.

Најнови вести