Корисничко име Лозинка Пријави се
20.6.2012

Дрогба потпиша за Шангај Шенхуа

Дидие Дрогба, репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, соопшти дека потпишал две и полгодишен договор со кинескиот клуб Шангај Шенхуа.

„Задоволство ми е да објавам дека ќе играм за Шангај Шенхуа. Потпишав договор на две и пол години, а на екипата ќе ѝ се приклучам во текот на јули“, изјави триесет и четиригодишниот Дрогба.
Дрогба во текот на кариерата играше за француските клубови Ле Ман и Марсеј, а од 2004 година беше член на лондонскиот Челзи, со кого минатава сезона ја освои Лигата на шампионите, но по истекот на договорот се реши да го напушти клубот.
Во Шангај повторно ќе игра во тандем со Французинот Никола Анелка, кој, исто така, беше фудбалер на Челзи. Токму Анелка е најзаслужен за доаѓањето на Дрогба во Шангај, откако пред неколку седмици, покрај тоа што е играч, стана и член на стручниот штаб, па влијаеше на поранешниот соиграч да дојде во Кина.
Според англиските медиуми, напаѓачот седмично ќе заработува околу 200.000 фунти.

Најнови вести