Корисничко име Лозинка Пријави се
12.12.2011

Анелка потпишa со Шангај Шенхуа

Никола Анелка, францускиот фудбалер на Челзи, потпиша за кинескиот професионален клуб Шангај Шенхуа.

Од клубот потврдија дека со 32-годишниот напаѓач се договорени сите детали околу договорот, по што Французинот го стави својот потпис.
Според портпаролот на кинескиот клуб, Анелка потпишал двегодишен договор а ќе заработува околу 230.000 евра неделно.
Искусниот центарфор ќе им се приклучи на новите соиграчи штом ќе почне јануарскиот преоден рок.
Откако во 2008 година стигна на „Стемфорд бриџ“ од Болтон, за Челзи настапи на 185 натпревари и постигна 59 голови. Претходно има играно за ПСЖ, Арсенал, Реал Мадрид, Ливерпул, Манчестер сити, Фенербахче и Болтон.

Најнови вести