Корисничко име Лозинка Пријави се
20.10.2011

Милан нуди смешни четири милиони за Анелка

Со доаѓањето на португалскиот тренер Андре Вилаш-Боаш на клупата на Челзи, не се сите ѕвезди наклонети кон францускиот репрезентативец Никола Анелка. До оваа сезона тој главно беше стандарден првотимец, но сега претежно ја грее клупата.

Договорот на Анелка со Челзи му истекува на крајот на оваа сезона, а со оглед на моменталната ситуација, сосема е логично што клубот од Лондон нема да има ништо против негова продажба уште во јануарскиот преоден рок, тогаш всушност е последната шанса клубот да заработи нешто од овој фудбалер.

Нормално, треба да се појави вистински купец, а во овој момент интерес за него покажа само италијанскиот шампион Милан. Меѓутоа, понудата што Челзи, наводно, ја прими веројатно е смешна. Милан понуди четири милиони евра за триесет и двегодишниот напаѓач.

Најнови вести