Корисничко име Лозинка Пријави се
21.1.2014

Вест Бромич поради Анелка остана без главниот спонзор

Премиерлигашот Вест Бромич го доби првиот тежок удар поради непромисленото однесување на својот фудбалер Никола Анелка.

Триесет и четиригодишниот напаѓач предизвика бура бидејќи својот прв гол од двата во ремито од 3-3 против Вест хем, на 28-ми декември минатата година, го прослави со гестот познат под името „ла квенеле“, кој во Франција се користи навредливо како обратен нацистички поздрав. Тој подоцна објави дека тоа било посветено на неговиот пријател комичарот Диодоне, но проблемот е што и самиот комичар повеќе пати е осудуван поради ширење расна омраза и антисемитизам.
И додека сè уште се чекаат резултатите од истрагата на Англискиот фудбалски сојуз, компанијата „Зопла“, вчера објави дека поради Анелка на крајот на сезоната ќе ја заврши спонзорската соработка со Вест Бромич. Станува збор за моќен спонзор чие име фудбалерите на Вест Бромич го носат на дресовите, така што не е мал финансискиот удар за клубот.
Одлуката на компанијата која се занимава со недвижности и не е неочекувана, бидејќи еден од нејзините сопственици е Алекс Честермен, бизнисмен со еврејско потекло, кому сосема сигурно не му се допаднала шегата на Анелка.

Најнови вести