Корисничко име Лозинка Пријави се
26.12.2017

Дик Адвокат ја презема Спарта

Искусниот стручњак Дик Адвокат е новиот тренер на Спарта од Ротердам, соопшти холандскиот клуб.

Седумдесетгодишниот Адвокат ќе ја преземе екипата по зимската пауза во холандското првенство, а договорот го потпиша до крајот на сезоната. Тој на клупата на Спарта ќе го замени Алекс Пастор.
Тој до ноември беше селектор на Холандија, кога поднесе оставка бидејќи не успеа да се пласира на Светското првенство наредното лето во Русија.
Спарта моментно е последна на табелата на холандската прва лига со 11 освоени бодови.
Адвокат во текот на кариерата предводеше бројни клубови, меѓу кои се: ПСВ, Газгов ренџерс, Зенит од Санкт Петербург, АЗ Алкмар, Борусија од Менхенгладбах и Фенербахче.
Освен Холандија, беше селектор и на репрезентациите на: Србија, Русија, Белгија, Соединетите Американски Емирати и Јужна Кореја.

Најнови вести