Корисничко име Лозинка Пријави се
16.8.2016

Адвокат на клупата на Фенербахче

Холанѓанецот Дик Адвокат е новиот тренер на Фенербахче, соопшти турскиот фудбалски клуб.

Адвокат со клубот од Истанбул потпиша едногодишен договор и го наследи Витор Переира, кој доби отказ по елиминацијата од Монако во третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите.
Тој претходните месеци работеше како советник на селекторот на Холандија Дани Блинд.
Адвокат на клупскиот фудбал се враќа по пауза од десет месеци и по заминувањето од англискиот Сандерленд.
Пред тоа холандскиот стручњак помина само четири месеци на клупата на селекцијата на Србија, бидејќи си замина по очајниот старт во квалификациите за Европското првенство во Франција.
Во текот на кариерата ги водеше уште ПСВ од Ајндховен, Глазгов Ренџерс, Менхенгладбах, Зенит, АЗ Алкмар, како и репрезентациите на Холандија, Јужна Кореја, Русија, Белгија и Обединетите Арапски Емирати.

 

Најнови вести