Корисничко име Лозинка Пријави се
15.9.2017

Елмас од Работнички во Фенербахче

Фенербахче на Работнички од Скопје му плати 180.000 евра, додека младиот репрезентативец на Македонија со петгодишниот договор ќе заработи 1,2 милиони евра.

Елмас за Фенербахче ќе почне да игра од 2018 година, бидејќи во летниот преоден рок не можеше да биде регистриран поради тоа што сè уште нема 18 години, а турскиот клуб не доби специјална дозвола од ФИФА.
Според информациите од Фенербахче, за услугите на Елмас, кој ќе стане полнолетен на 27-ми септември, биле заинтересирани дури 25 клубови, вклучувајќи ги: Арсенал, Манчестер сити, Лацио, Ајакс, ПСВ, Херевен, Генк...
Македонскиот репрезентативец, кој важи за голем талент, тренира со играчите на Фенербахче, но во зимскиот преоден рок ќе мора да биде потврден трансферот за да може Елмас да почне да настапува за повеќекратниот шампион на Турција.
Турскиот „Јенишафак“ објави дека еден од најпознатите фудбалски менаџери Жорж Мендеш, кој го застапува и Кристијано Роналдо, се обидува да добие право на седумнаесетгодишниот македонски фудбалер Елиф Елмас.

Најнови вести