Корисничко име Лозинка Пријави се
03.8.2018

Елмас е подготвен да го потврди раскошниот талент

Елиф Елмас со нетрпение ја чека новата сезона, втора за него во Фенербахче и вели дека ќе го искористи секој момент во игра за да го потврди раскошниот талент што го доведе во редовите на турскиот гигант

Елмас ја искористи првата сезона во Фенербахче за да се аклиматизира на начинот на игра во Турција, земја која има исклучително силна лига, а вели дека сега е време да го потврди талентот со добри игри во сезоната што претстои.
„Претходниот тренер Ајкут Кочаман имаше голем придонес за да се привикнам на условите во турскиот фудбал. Сега тука е Филип Коку и се надевам дека под негова команда ќе продолжам да се развивам во вистински правец. Откако пристигна ми дава шанса да играм и сега останува  на мене да го искористам моментот. Верувам во себе и сигурен сум дека дека ќе ги оправдам големите очекувања што ги имаат во клубот. Најважно е за почеток да ја елиминираме Бенфика во квалификациите за Лигата на шампионите и да ја победиме екипата на Бурсаспор на стартот од шампионатот во Турција“, вели Елмас.
Во новиот систем за игра што го форсира Коку, Елиф е една од клучните алки, нешто што постојано го истакнуваат и турските медиуми. Како голем талент македонскиот репрезентативец лани од Работнички се пресели во редовите на турскиот гигант Фенербахче, што е еден од највпечатливите трансфери на наш фудбалер во странски клуб.

Најнови вести