Корисничко име Лозинка Пријави се
15.8.2018

Турците го фалат нашиот бисер – Да играа сите како Елмас

Турските новинари речиси без исклучок потенцираат дека Елиф Елмас беше најдобриот играч на Фенербахче во реванш-дуелот со Бенфика, по којшто составот од Истанбул не успеа да продолжи кон Лигата на шампионите.

Премалку е за успех против Бенфика кога имате само еден расположен играч. Елиф Елмас одигра одличен меч, но тешко е кога момче со 19 години е единствениот на посакуваното ниво на теренот. Елмас се бореше како лав, се обидуваше да го повлече тимот кон успех, но еден играч е премалку, анализира новинарот на „Хуриет“, Угур Мелеке.
Елмас беше одличен и вчеравечер во Истанбул, а доби многу комплименти за играта и во Лисабон на првиот меч. И веднаш по двата одлични настапи, се актуализира неговото заминување во голем клуб од рангот на Манчестер јунајтед, Манчестер сити... Гигантите се интересираат за македонскиот фудбалски бисер, но тој засега останува во Фенербахче и игра одлично.

 

Најнови вести