Корисничко име Лозинка Пријави се
11.5.2018

Акхисар го шокираше Фенербахче за титулата во Турција

Фудбалерите на Акхисар го освоија Купот на Турција со спектакуларната победа против Фенербахче во финалето.

Акхисар до титулата во Купот дојде со победата од 3-2 во многу интересниот натпревар.
По 32 минути игра, Акхисар ги шокираше навивачите на Фенербахче и поведе со 1-0, со голот на Мигел Лопес, и водството го чуваше сè до 56-тата минута, кога на Фенер изненадување му донесе Фернандао.
Но, екипата која сите ја гледаа како аутсајдер во ова финале, не се предаваше и во 70-тата минута дојде и до ново водство со голот на Сисоко.
За нов гол се чекаше девет минути. Демирел повторно мораше да ја вади топката од својата мрежа, а стрелец за 3-1 за Акхисар беше Хелдер Барбоса.
Соуза пет минути подоцна намали на 3-2, но и покрај шесте минути од продолжението на времето, Фенербахче не успеа да се избори за продолжение, а Акхисар сосема заслужено славеше во големото финале.
На Акхисар ова му е прва титула во Купот, до која дојде по одличната сезона во натпреварувањето и по елиминацијата на Галатасарај во двомечот на полуфиналето.

Најнови вести