Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
09.8.2018

Манчестер Ј. се заинтерсира за Елиф Елмас

Со добрите игри во дресот на Фенербахче се поголем е списокот на играчи кои го сакаат македонскиот тинејџер во своите редови

Македонскиот фудбалски бисер Елиф Елмас продолжува со добрите игри во дресот на Фенербахче, а тоа го забележуваат и европските гиганти. Според пишувањата на еден од најтиражните турски весници „Хуријет“, Манчестер Јунајтед покажал интерес за талентираниот македонски репрезентативец. 
Елмас има само 18 години, но со добрите игри во летниот период, си обезбеди место меѓу стартерите во Фенербахче. Тинејџерот одигра одлично и на дуелот против Бенфика, во квалификациите за Лигата на шампионите. Турскиот тим загуби со 1:0 во Португалија, но скаутите кои биле на стадионот „Луж“, го забележале настапот на Елмас. 
Преодниот рик во Англија завршува денеска и секако не може да се случи некое чудо, но фактот дека најтрофејниот клуб во Премиер лигата го „пикираше“ Елмас, само потврдува каков талент има во македонската репрезентација. 

 

Најнови вести