Корисничко име Лозинка Пријави се
05.10.2015

Адвокат е првата „жртва“ во Премиер лигата

Холандскиот стручњак Дик Адвокат го напушти местото тренер на Сандерленд, соопшти англискиот премиерлигаш.

„Ваквата одлука ја донесов само по осум натпревари, бидејќи почувствував дека е време екипата да направи пресврт на работите“, изјави Адвокат за британските медиуми.
Сè уште не се знае кој ќе биде нов тренер на Сандерленд.
Елис Шорт, претседателот на клубот, изјави дека е изненаден од таа одлука. Тоа е прва смена на тренер во Премиер лигата оваа сезона.
Сандерленд во саботата одигра нерешено со Вест хем, со што остана без победа во првите осум првенствени кола.
Адвокат клубот го презеде во март и успеа да избори опстанок во Премиер лигата. Но и покрај тоа, Сандерленд оваа сезона се наоѓа на 19-тото место на табелата со три бода, колку што има и последнопласираниот Њукасл.

Најнови вести