Корисничко име Лозинка Пријави се
27.4.2017

Адвокат повторно ќе ја води Холандија

Холандскиот стручњак Дик Адвокат по трет пат во кариерата ќе ја преземе клупата на репрезентацијата на Холандија со помошникот Руд Гулит, пренесува „Телеграф“.

Како што се наведува, само неколку детали го делат Адвокат од тоа да го наследи Дани Блинд, кој минатиот месец беше отпуштен поради поразот од Бугарија (2-0) во квалификациите за Светското првенство 2018 година.
На Адвокат договорот со Фенербахче му истекува на први јуни, но и покрај тоа, од турскиот клуб побарал дозвола за да дебитира на клупата на Холандија во натпреварот против Мароко три дена пред да му истечат обврските.
Тој беше селектор на „лалињата“ од 1992 до 1994, како и од 2002 до 2004 година, а ќе има нова тешка задача да го одведе тимот на Мундијалот во Русија од квалификациската група А, каде што го зазема четвртото место, зад Бугарија, Шведска и Франција.
Адвокат беше селектор и на репрезентацијата на Србија, на чија клупа не се прослави бидејќи си замина само по четири натпревари и очајниот старт во квалификациите за Европското првенство во Франција.

Најнови вести