Корисничко име Лозинка Пријави се
09.5.2017

Официјално - Дик Адвокат нов селектор на Холандија

Фудбалскиот сојуз на Холандија денес го потврди именувањето на Дик Адвокат за нов селектор на репрезентацијата на таа земја.

Асистент на Адвокат во холандскиот национален тим ќе му биде Руд Гулит.
Холандија беше без селектор од март, кога Дани Блинд доби отказ по поразот од Бугарија во квалификациите за Светското првенство 2018 година.
Адвокат веќе беше на клупата на Холандија, од 1992 до 1994 и од 2002 до 2004 година.
Тој во кариерата ги предводеше и селекциите на: Србија, Русија, Белгија, Обединетите Арапски Емирати и Јужна Кореја. Од клубовите, меѓу останатите, ги водеше: ПСВ, Борусија Менхенгладбах, Зенит, АЗ Алкмар, Сандерленд и Фенербахче.
Репрезентацијата на Холандија по пет одиграни натпревари, се наоѓа на четвртото место во групата А од квалификациите за Светското првенство во Русија со седум освоени бодови.

Најнови вести