Корисничко име Лозинка Пријави се
07.8.2017

Холанѓанките нови европски шампионки

Женската фудбалска репрезентација на Холандија е новиот европски шампион откако синоќа во финалето ја победи Данска со 4:2.

Домаќинот на шампионатот Холандија, на кој првпат играа 16 репрезентации, успеа да ја освои титулата со што ја прекина доминацијата на Германките кои 22 години се неприкосновени во европскиот женски фудбал.
Холандија е четвртата репрезентација која ја освоила шампионската титула, додека Германија има осум титули, Норвешка две, а Шведска една.
Најдобра фудбалерка во финалето беше капитенот на Холандија Шерида Спитсе, која постигна еден гол, додека два гола во финалето додаде Виване Миедема. Лике Мартенс која беше стрелец на вториот гол во финалето ја доби наградата за најдобра фудбалерка на шампионатот.
Најдобар стрелец на првенството е Англичанката Џоди Телјор со 5 голови.  

Најнови вести