Корисничко име Лозинка Пријави се
24.1.2018

Пораз од Данска, Македонија 11-та на ЕП

По одличното прво полувреме, следуваше голем пад во вториот дел на македонската репрезентација за убедлив пораз од Данска со 20:31.

Македонија го одигра последниот натпревар на на Европското првенство во Хрватска по кој завршивме на 11-тото место.
Трет пораз на нашите ракометари на третиот натпревар во Вараждин. Олимпискиот шампион Данска убедливо нè надигра иако одигравме одлично во првото полувреме кое заврши нерешено 12:12.
Во вториот дел покажавме сосема различно лице и му дозволивме на противникот да направи високи 11 голови разлика.
Во првиот дел избраниците на Раул Гоналез покажаа голема борбеност и добра игра, што може да радува за иднината на македонскиот ракомет која може да изгледа добро и по Кире Лазаров.
Нашите репрезентативци во продолжението не успеаја да го задржат ритамот, слабо одиграа во нападот и лошо во одбраната што резултираше со убедлив пораз.
Најефикасен во нашата репрезентација беше Филип Кузмановски со шест голови. По четири гола постигнаа Стоилов и Манасков. Никола Митревски имаше 10 интервенции, а постигна и еден гол. Кај Данците најефикасен беше Дамгард Нилсен со 11 постигнати голови.
Со овој пораз Македонија го заврши Европското првенство на 11-тото место, пред Србија. 

Најнови вести