Корисничко име Лозинка Пријави се
05.9.2017

Ван Перси мора да паузира долго

Како што пренесуваат медиумите, Робин ван Перси ги скина вкрстените лигаменти на коленото и сега ќе мора да паузира една година, а со оглед на тоа дека има 34 години, кариерата му е под знак прашалник.

Тој се повреди на тренингот на репрезентацијата на Холандија еден ден по поразот од Франција.
Интересно е тоа што во репрезентацијата беше повикан по две години.
Ван Перси одигра 101 натпревар за националниот тим и постигна 50 голови.
Како што стојат работите, натпреварот против Франција најверојатно му беше последен во дресот на репрезентацијата на Холандија.

Најнови вести