Корисничко име Лозинка Пријави се
17.3.2015

Адвокат е новиот менаџер на Сандерленд

Дик Адвокат, неодамнешниот селектор на Србија, е новиот менаџер на Сандерленд, соопшти премиерлигашот.

Тој во англискиот тим го замени Густаво Појет, кој вчера доби отказ по убедливиот пораз во саботата од Астон вила со 4-0.
„Сандерленд е голем клуб и подготвен сум за нов предизвик. Мораме да се концентрираме на недела и едвај чекам да почнам со работа“, изјави Дик Адвокат, кој ќе ја води екипата до крајот на сезоната.
„Дик има неверојатна биографија и многу искуство во водењето врвни тимови. Имаме една цел – да напредуваме на табелата и сите се фокусирани на она што нè очекува“, изјави Елис Шорт, директорот на Сандерленд.
Сандерленд се наоѓа на 17-тото место во Премиер лигата со 26 бодови, со еден бод повеќе од Барнли, кој се наоѓа во зоната на испаѓање.
Дик Адвокат во текот на долгогодишната тренерска кариера водеше голем број клубови, меѓу кои се: Зенит, ПСВ, АЗ Алкмар, Менхенгладбах, беше селектор на Холандија и на Русија, а последен ангажман му беше репрезентацијата на Србија.

Најнови вести