Корисничко име Лозинка Пријави се
10.5.2012

Адвокат на една година во ПСВ

Холандскиот стратег Дик Адвокат по завршувањето на Европското првенство ќе го напушти селекторското место на репрезентацијата на Русија и ќе го преземе ПСВ, но само на една година, како тренер и како ментор.

Според пишувањата на холандските медиуми, тој ќе се врати во ПСВ само на една година за да им покаже на Филип Коку и Ернест Фабер како треба да се предводи еден клуб. Коку е привремен тренер, а Фабер е негов помошник, а двајцата уште откако седнаа на клупата признаа дека не се подготвени за оваа работа.
„Ова ќе биде транзициска сезона за ПСВ. Адвокат ќе ги обучува овие двајца млади стратези за да може еден од нив на крајот да ја преземе тренерската улога“, изјавија извори блиски до клубот.
Адвокат веќе седеше на клупата на клубот од Ајндховен, и тоа од 1995 до 1998, кога стана и шампион на Холандија во 1997 година, претходно го освои Холандскиот куп, а и три Суперкупа.

Најнови вести