Корисничко име Лозинка Пријави се
28.5.2015

Дик Адвокат го напушти Сандерленд

Холандскиот фудбалски стручњак Дик Адвокат ја напушти клупата на англискиот премиерлигаш Сандерленд, потврдено е на интернет-страницата на клубот.

Адвокат ги известил челниците дека не сака да ја продолжи соработката со Сандерленд по истекувањето на договорот.
„Имам 68 години и морам да носам одлуки од повеќе аспекти. Неколку клубови ме контактираа, но моментно не сакам да работам. Им благодарам на претседателот на клубот Ли и на навивачите за сè, ја остваривме целта, а Сандерленд е еден од најдобрите моменти во мојата кариера“, изјави Адвокат за клупската интернет-страница.
Како еден од главните кандидати да го наследи се споменува Славиша Јокановиќ, менаџерот на Ватфортд.
Адвокат на средината на март ги презеде „црните мачки“, со коишто успеа да обезбеди опстанок во Премиер лигата.
Претходно, четири месеци ја водеше репрезентацијата на Србија, а беше уште во: ПСВ Ајндховен, Глазгов ренџерс, Менхенгладбах, Зенит, АЗ Алкмар, како и селекциите на Холандија, Обединетите Арапски Емирати, Белгија и Јужна Кореја.

Најнови вести