Корисничко име Лозинка Пријави се
29.5.2017

Марко Силва го презеде Ватфорд

Марко Силва, неодамнешниот менаџер на Хал, е именуван за шеф на стручниот штаб на Ватфорд, објави премиерлигашот.

Силва пред два дена го напушти Хал искористувајќи ја клаузулата поради елиминацијата во Шампионат лигата.
Португалецот го презеде тимот кој едвај опстана во Премиер лигата, освојувајќи шест бодови повеќе од неговиот Хал.
На клупата на „стршните“ го замени Валтер Мацари, кој го напушти клубот од „Викариџ роуд“ само по една сезона.
„Силва има искуство со водење тимови во Португалија, а во Грција и во Англија има значителна тренерска кариера. Ја освои шампионската титула со Олимпијакос, а Спортинг го предводеше до третото место во Лигата, но и до првиот трофеј во Купот на Португалија. Неговите резултати доволно говорат дека тој беше вистинскиот избор за нас“, се наведува во соопштението на Ватфорд.
Силва освен Хал, Олимпијакос и Спортинг, го тренираше и Есторил. Тој има 39 години, а со Ватфорд потпиша едногодишен договор.

Најнови вести