Корисничко име Лозинка Пријави се
16.10.2013

Адвокат нов тренер на АЗ Алкмар

Фудбалскиот клуб АЗ Алкмар соопшти дека за нов тренер го ангажира холандскиот стручњак Дик Адвокат.

Адвокат со холандскиот клуб потпиша договор до крајот на сезоната, а на клупата на АЗ Алкмар ќе го замени Гертјан Вербек, кој е отпуштен пред еден месец.
Во досегашната тренерска кариера Адвокат ги водеше: ПСВ Ајндховен, Глазгов ренџерс, Зенит Санкт Петербург, Менхенгладбах, како и репрезентациите на: Холандија, Русија, Белгија, Јужна Кореја и Обединетите Арапски Емирати.
АЗ Алкмар моментно се наоѓа на деветтото место на холандското првенство со четири победи, едно реми и четири порази.

Најнови вести