Корисничко име Лозинка Пријави се
04.6.2015

Пресврт: Адвокат останува во Сандерленд

Иако пред осум дена изјави дека нема да остане во Сандерленд, Дик Адвокат сепак одлучил да ја продолжи соработката со „црните мачки“ на уште една сезона.

Преговорите се во завршна фаза и холандскиот тренер наскоро би требало да потпише нов договор, денес пренесоа британските медиуми.
Адвокат на клупата на Сандерленд го наследи Густаво Појет и успеа да го одведе клубот до опстанок во Премиер лигата.
На крајот на сезоната би требало да се пензионира по наговор на сопругата.
„Во одредени моменти во животот треба да донесете одлука, а јас сега имам 68 години“, изјави Холанѓанецот минатата седмица.

Најнови вести