Корисничко име Лозинка Пријави се
15.11.2014

Адвокат веќе не е селектор на Србија

Холандскиот стручњак Дик Адвокат поднел оставка на функцијата селектор на Србија.

Прекинот на соработката се случи по поразот од Данска со 3-1 по кој српската репрезентација во квалификациите за Евро 2016 има само еден бод.
По натпреварот Холанѓанецот најави дека ќе размисли за оставка и дека ќе разговара со челниците на Српскиот фудбалски сојуз пред пријателскиот натпревар со Грција.
Следниот квалификациски натпревар Србија ќе го игра во март кога ѝ гостува на Португалија.
Искусниот стручњак ја презема српската селекција во јули и под негово водство Србија има една победа, две ремија и еден пораз, а победата е над Албанија со службен резултат.

Најнови вести