Корисничко име Лозинка Пријави се
14.9.2017

Србија и Русија ќе се борат за финалето на Евробаскетот

Србија се пласира во полуфиналето на Евробаскетот откако ја победи Италија со 83:67 и за место во финалето ќе игра против Русија.

Репрезентативците на Србија почнаа бавно и во првите четири минути губеа со 5:0, но на крајот од првиот период направија пресврт и водеа со 18:17. До крајот на натпреварот постојано ја зголемуваа разликата, која најчесто беше двоцифрена, па искористувајќи ја предноста, доминираа против Италијанците, коишто немаа вистински центар.
Најдобар играч кај Србите беше Богдан Богдановиќ со 22 поени, шест скока и четири асистенции, додека на спротивната страна Белинели постигна 18, а Луиџи Датоме 15 поени.
Русија ја победи Грција со 74:69, иако во еден момент заостануваше со 13 поени. Грците водеа во текот на целиот натпревар, но како што одминуваше времето, нивната предност се топеше, па во финишот Русите, предводени од Швед, направија пресврт и на крајот победија. Швед натпреварот го заврши со 26 поени, а Мозгов постигна 15 поени и 10 скока.

Најнови вести