Корисничко име Лозинка Пријави се
01.9.2015

Борини од Ливерпул во Сандерленд за девет милиони евра

Фабио Борини, досегашниот напаѓач на Ливерпул, потпиша четиригодишен договор со Сандерленд.

Дваесет и четиригодишниот Борини сезоната 2013/14 ја помина на заем во Сандерленд, а минатата сезона се врати во Ливерпул, во која за „црвените “ одигра 14 првенствени натпревари и постигна еден гол.
Сандерленд на својата интернет-страница не ги наведе финансиските детали на договорот, а британските медиуми пренесоа дека трансферот е вреден девет милиони фунти.
„Мило ми е што се вратив во Сандерленд. Добро го познавам клубот. Ќе биде емотивно повторно да играм на ’Стадионот на светлината’ и едвај чекам да истрчам на теренот како фудбалер на Сандерленд“, изјави Борини.
Борини во Сандерленд ќе го носи дресот со број девет.
„Фабио е големо засилување и ќе го зацврсти нашиот напад. Тој може да игра на неколку позиции во нападот, што е корисно за екипата“, изјави Дик Адвокат, тренерот на Сандерленд.
Борини почна во Болоња, а потоа ја помина младинската школа на Челзи, за чиј прв тим дебитираше во 2009 година. Потоа играше на заем во Свонси, во 2011 година направи трансфер во Рома, а една година подоцна потпиша за Ливерпул.
За репрезентацијата на Италија досега одигра еден натпревар.

Најнови вести