Корисничко име Лозинка Пријави се
19.5.2015

Дик Адвокат ќе го напушти Сандерленд

Како што пренесуваат медиумите од Островот, Холанѓанецот Дик Адвокат на крајот на сезоната ќе ја напушти клупата на Сандерленд, дури и ако избори опстанок во Премиер лигата.

Сандерленд му понудиле на Адвокат продолжување на договорот, кој истекува на крајот на мај, но тој го одбил тоа бидејќи сакал нов предизвик.
Адвокат во финишот на сезоната и борбата за опстанок во Премиер лигата имаше одлични резултати, па Сандерленд пред последното коло се наоѓа надвор од опасната зона, во која помина поголем дел од сезоната.
Сега се наоѓа на 16-тото место на табелата на англиското првенство со 37 бодови, три повеќе и натпревар помалку во однос на загрозениот Хал, а утре ќе се сретне со Арсенал.
Во текот на кариерата Холанѓанецот беше тренер на: ПСВ Ајндховен, Глазгов ренџерс, Менхенгладбах, Зенит, АЗ Алкмар, а ги водеше и репрезентациите на: Холандија, Обединетите Арапски Емирати, Белгија, Јужна Кореја, Русија и Србија.

Најнови вести