Корисничко име Лозинка Пријави се
14.7.2016

Сем Алардајс е првиот кандидат за селектор на Англија

Менаџерот на Сандерленд Сем Алардајс е најсериозниот кандидат за преземање на функцијата селектор на Англија, пренесува „ББЦ“.

Сандерленд му дозволи на Алардајс да ги започне преговорите со челниците на ФА за празното место по заминувањето на Рој Хоџсон, и покрај тоа што тие би сакале да го задржат.
Алардајс веќе имаше разговори со потпретседателот на ФА, Дејвид Гил, и наскоро би требало да биде познат исходот.
Овој 61-годишен стручњак не е единствениот кандидат за функцијата селектор на Англија, бидејќи се споменуваат Јирген Клинсман, Глен Ходл и Стив Брус.
Хоџсон поднесе оставка кон крајот на јуни по Европското првенство во Франција и по изненадувачката елиминација од тимот на Исланд во осминафиналето.

Најнови вести