Корисничко име Лозинка Пријави се
12.5.2016

Сандерленд се избори за опстанок, испаднаа Њукасл и Норвич

Фудбалерите на Сандерленд се изборија за опстанок во Премиер лигата, додека следната сезона, покрај Астон вила, во понискиот ранг ќе се преселат Норвич и Њукасл.

Сандерленд во заостанатиот натпревар во 30-тото коло на шампионатот на Англија на „Стадионот на светлината“ го победи Евертон со 3-0, па така на коло пред крајот на шампионатот стекна недостижна предност во однос на Норвич и Њукасл. 
Тимот на Сем Алардајс по 37 натпревар го зазема 17-тото место со 38 бодови, додека „чавките“ и „канаринците“ имаат по 34 бода.
Головите за триумфот на Сандерленд над Евертон ги постигнаа Патрик ван Анхолт во 38-та минута и Ламина Коне во 42 и 55-тата минута.
Норвич во заостанатиот натпревар од 35 коло го победи Ватфорд со 4-2, но оствари пирова победа и следната сезона ќе игра во Шампионатот.
Ватфорд на гостувањето против Норвич поведе со голот на Трој Дини во 11-тата минута, но домаќините до полувремето стигна до пресвртот со погодоците на Нејтан Редмонд во 15-тата минута, Диумерси Мбокани во 18-тата и автоголот на Крег Кеткарта во финишот.
Одион Игало во 51-та минута намали на 2-3, за конечниот резултат да го постави Мбокани во 57-та минута.

 

Најнови вести