Корисничко име Лозинка Пријави се
28.9.2015

Виера ќе го замени Адвокат во Сандерленд?

Легендарниот Патрик Виера би можело да го наследи Дик Адвокат на местото менаџер на Сандерленд, пренесува „Дејли мирор“.

Англискиот весник наведува дека Адвокат е блиску до одлука да понуди оставка по очајниот старт на сезоната и трите порази во низа, а сегашниот тренер на младиот тим на Манчестер сити е на врвот на листата на желби.
Поранешниот селектор на Холандија, Русија и Србија изјави дека е подготвен да се повлече доколку клубот најде вистинска замена за него, посебно поради тоа што мисли дека немал доволно пари за подобро да го одработи преодниот рок.
Од друга страна, Сити сака да му излезе во пресрет на Виера и да го пушти во Сандерленд, иако премногу ја ценат неговата работа со младите фудбалери.
Поранешниот капитен на Арсенал нема искуство во работа со прв тим, но зад себе има богата играчка кариера, настапуваше за: „топчиите“, Јувентус, Интер и Манчестер сити.
Фудбалерите на Сандерленд се наоѓаат на последното 20-то место на табелата на Премиер лигата само со два бода.

Најнови вести