Корисничко име Лозинка Пријави се
12.7.2016

Тотенхем го засили нападот, пристигна Винсент Јансен

Тотенхем сериозно ја засили конкуренцијата во својот напад со доведувањето на најдобриот стрелец од холандската втора лига, Винсент Јансен.

Јансен минатата сезона постигна 27 голови на 34 натпревари за АЗ Алкмар, а покрај титулата за најдобар стрелец ја однесе наградата „Јохан Кројф“ за најдобар млад играч во лигата.
Со Тотенхем потпиша договор до 2020 година.
Јансен (22) доживеа неверојатен скок во кариерата за само година дена, бидејќи пред АЗ Алкмар играше во втората лига за Алмере сити.
Оваа година дебитираше за репрезентацијата на Холандија. На пет натпревари постигна три голови, вклучувајќи го и оној во победата над Англија на Вембли со 2-1.

Најнови вести