Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
09.6.2018

Кејн потпиша нов шестгодишен договор со Тотенхем

Кејн со новиот договор ќе добива двократно поголема седмична плата, односно ќе прима 200.000 фунти седмично, тој ќе биде капитен на Англија на претстојното Светско првенство во Русија.

Хари Кејн, фудбалерот на Тотенхем, вчера го продолжи договорот со тој англиски клуб на уште шест години, до 2024.
Британските медиуми пренесоа дека Кејн со новиот договор ќе добива двократно поголема седмична плата, односно дека ќе прима по 200.000 фунти седмично.
Кејн во последните четири сезони во Примера лигата постигна најмалку по 20 гола по сезона, а во оваа постигна 30 погодоци и му помогна на Тотенхем трета година по ред да се пласира меѓу трите најдобри клуба.
Дваесет и четиригодишниот Кејн ќе биде капитен на Англија на претстојното Светско првенство во Русија.

Најнови вести