Корисничко име Лозинка Пријави се
21.5.2012

Евро 2012: Русите останаа без Василиј Березуцки

Василиј Березуцки, средниот одбранбен фудбалер на ЦСКА Москва, нема да стигне да закрепне од повредата на колкот, која ја доби пред еден месец.

Со тоа искусниот стопер остана без шанса да настапи на Европското првенство во Полска и Украина.
„За жал, Василиј својата форма нема навреме да ја доведе до потребното ниво за да може да конкурира за настап на Евро“, рече рускиот селектор Дик Адвокат.
„Повредата се покажа посериозна отколку што се чинеше во првиот момент“, изјави Березуцки.
Во рускиот кадар за Полска и Украина остана неговиот брат Алексеј Березуцки.

Најнови вести