Корисничко име Лозинка Пријави се
18.4.2012

Франс Аделар на клупата на Жилина

Холандскиот стручњак Франс Аделар е именуван за нов шеф на стручниот штаб на Жилина, соопшти водечкиот клуб во првенството на Словачка.

Аделар ќе го замени досегашниот тренер Љубомир Носицки, кој е отпуштен по саботното реми (2-2) на домашен терен против Тренчин.
„Ангажирањето нов тренер ќе биде добар поттик за екипата“, изјави Карол Беланик, спортскиот директор на Жилина.
Педесет и едногодишниот Аделар во текот на кариерата водеше повеќе холандски клубови, меѓу кои: Утрехт, Ден Хаг и Спарта од Ротердам.
Жилина, петкратниот шампион на Словачка и учесник во Лигата на шампионите во сезоната 2010/11, моментно е лидер на националното првенство благодарение на подобрата гол-разлика, бидејќи има еднаков број бодови со второпласираниот Спартак од Трнава (52).

Најнови вести