Корисничко име Лозинка Пријави се
31.5.2012

Ван ден Бром го наследи Јакобс на клупата на Андерлехт

Од редовите на белгискиот фудбалски шампион Андерлехт го најавија 45-годишниот Џон ван ден Бром како нов тренер, наследник на Ариел Јакобс.

Ван ден Бром во Андерлехт доаѓа од холандскиот прволигаш Витесе, кого го водеше минатата сезона, а потпиша тригодишен договор.
Јакобс ја напушти клупата на Андерлехт порано овој месец, по освојувањето на лигашката титула.
„Многу сум среќен што дојдов овде, а особено сум среќен што на мене се сети толку голем клуб. Андерлехт е синоним за добар и атрактивен фудбал, стил на игра што многу го ценам“, изјави Ван ден Бром, некогашен тренер на Ден Хаг, кому Андерлехт ќе му биде најголем предизвик во досегашниот дел од тренерската кариера.

Најнови вести