Корисничко име Лозинка Пријави се
13.4.2017

Јунајтед без Руни против Андерлехт

Вејн Руни, фудбалерот на Манчестер јунајтед, нема да биде во тимот за натпреварот од четврт-финалето на Лигата на Европа против Андерлехт.

Руни поради проблеми со глуждот, ги пропушти претходните два натпревари, но оваа недела се врати на тренинзите.
Менаџерот Жозе Мурињо одлучи дека тој не е доволно подготвен за да патува во Белгија.
„Не е задоволен со неговата состојба, има лошо чувство кога е во прашање глуждот... Ќе видиме како ќе биде за викендов“, изјави Португалецот за британските медиуми.
Јунајтед овој викенд го очекува дерби-натпреварот против Челзи во Премиер лигата, но екипата на Жозе Мурињо денес ја очекува можеби и поважен дуел – првиот натпревар од четврт-финалето на Лигата на Европа против Андерлехт.
Во другите натпревари францускиот Лион го пречекува Бешикташ, Селта ќе му биде домаќин на Генк. Најизедначено се очекува да биде на дуелот меѓу Ајакс и Шалке.
Натпреварите на програмата се во 21.05 часот.

Најнови вести