Корисничко име Лозинка Пријави се
21.1.2015

Марин по трет пат го напушти Челзи

Марко Марин, фудбалерот на Челзи, до крајот на сезоната ќе игра на заем во Андерлехт, соопшти клубот од Брисел.

Андерлехт на крајот на сезоната ќе има право да го откупи договорот на германскиот играч.
Ова е трет пат „сините“ да го испратат Марин на заем откако во 2012 година направи трансфер од Вердер на „Стемфорд бриџ“, за седум милиони фунти.
Марин минатата сезона играше за Севилја, додека првиот дел на оваа сезона го помина на заем во Фиорентина.
Тој за Челзи одигра само пет натпревари.

Најнови вести