Корисничко име Лозинка Пријави се
22.5.2015

Гент шампион на Белгија по 151 година!

Фудбалерите на Гент за прв пат по 151 година постоење ја освоија шампионската титула на Белгија.

Гент во претпоследното коло од шампионската група го совлада Стандард од Лиеж со 2-0 и на едно коло пред крајот, со пет бодови повеќе од Клуб Бриж, го обезбеди трофејот.
Головите за новиот шампион на Белгија ги постигнаа Кумус во 17-тата и Нето од пенал во 50-тата минута.
Гент е основан во 1864 година, а до денес има освоено само три трофеи во националниот куп. Јунак на сезоната е тренерот Хејн Ванхазебрук, кому, исто така, ова му е прв трофеј во кариерата. Клубот од Источна Фландрија, за кого настапуваат пет фудбалери од поранешна Југославија, меѓу кои и македонскиот голман Дамјан Шишковски, во септември ќе дебитира во Лигата на шампионите.
Андерлехт на гостувањето кај Кортријк (2-2) ја испушти предноста од два гола, а стрелец на вториот гол беше Александар Митровиќ, што на српскиот репрезентативец му беше 19-ти гол во сезоната.
Во третиот дуел вчера на програмата Клуб Бриж во гости го победи Шарлроа со 3-2.

Табела:
Гент 49, Клуб Бриж 44, Андерлехт 43, Стандард 37, Шарлроа 36, Кортријк 34.

Најнови вести