Корисничко име Лозинка Пријави се
03.8.2018

Аргентина ќе има не еден, туку двајца селектори

Двајца поранешни репрезентативци на Аргентина ќе ја предводат репрезентацијата до крајот на 2018 година

По ужасното издание на Аргентина на СП во Русија, каде што „гаучосите“ беа елиминирани од Франција во првата нокаут-фаза, Федерацијата го разреши Хорхе Сампаоли од селекторската позиција. Оваа должност засега им е доверена на двајца поранешни аргентински фудбалери, Лионел Скалони и Пабло Аимар, кои ќе го делат кормилото до крајот на оваа година.

Скалони претходно работеше како помошник на Сампаоли, додека Аимар беше селектор на кадетската репрезентација на Аргентина. Нивен прв предизвик ќе бидат пријателските средби против Гватемала и Колумбија во септември.

 

Најнови вести