Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
10.5.2018

Бока јуниорс ја одбрани шампионската титула на Аргентина

Фудбалерите на Бока јуниорс ја освоија 33-тата шампионска титула на Аргентина по ремито 2-2 на гостувањето кај Химназија Ла Плата.

Славниот клуб од „Бонбониерата“ втора година по ред е најдобриот тим во земјата, што не му се случило повеќе од десет години.
Бока два пати водеше со погодоците на Пабло Перес во 12-тата и на Рамон Абила во 57-мата минута, но Химназија ја стигнуваше благодарение на погодоците на Николас Колацо во 33-тата и на Брахјан Алеман во 81-вата.
Но ремито беше доволно Бока да го обезбеди трофејот на едно коло пред крајот бидејќи има четири бода повеќе од второпласираниот Годој Крус.
Бока јуниорс сега има три титули помалку од најголемиот ривал Ривер плате, кој се наоѓа дури на 12-тото место на табелата на аргентинското првенство.

Најнови вести