Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
21.4.2018

Серхио Агуеро ја заврши сезоната

Серхио Агуеро, фудбалерот на Манчестер сити, поради повредата ќе ги пропушти натпреварите до крајот на сезоната, изјави менаџерот на неговиот тим Пеп Гвардиола.

На аргентинскиот фудбалер му беше извршена ласерска операција на десното колено, поради која ќе мора да мирува до крајот на сезоната.
Се очекува потоа да почне со подготовките за претстојното Светско првенство во фудбал, кое се одржува во Русија.
Агуеро со повредата се здоби во градското дерби со Манчестер јунајтед, во дуелот со Ешли Јанг.
„Неговото закрепнување ќе трае најмалку од четири до пет седмици, што значи дека клупската сезона за него дефинитивно е завршена. Сепак, сите се надеваме дека ќе закрепне до Мундијалот за да може да настапи за Аргентина. Агуеро моментно се наоѓа на рехабилитација во Барселона“, изјави Гвардиола на конференцијата за медиумите.
Манчестер сити веќе ја обезбеди титулата во Премиер лигата.

Најнови вести