Корисничко име Лозинка Пријави се
17.8.2018

На денешен ден: Меси дебитираше за Аргентина и за 43 секунди беше исклучен

Пред 13 години, на дуелот против Унгарија кај „гаучосите“ се појави Лео

Еден од најдобрите фудбалери во историјата, Лионел Меси, точно пред 13 години се појави на интернационалната сцена во дресот на Аргентина. Како 18-годишен тинејџер, Меси чекаше шанса од клупата за резерви да влезе на теренот. 
Лео дочека да дебитира за Аргентина и на теренот се појави во 63-тата минута, на местото на Лисандро Лопес. Само 43 секунди откако влезе на теренот, Меси мораше да излезе, и тоа поради црвен картон. Без топка, Лео удри еден унгарски фудбалер, а судијата веднаш му додели црвен картон.
Дебито за Меси во дресот на Аргентина беше разочарувачко. Сега, 13 години подоцна, тој прерасна во еден од најдобрите фудбалери, но, сепак, во репрезентативниот дрес не дочека голема радост бидејќи се нема израдувано на ниту еден голем трофеј. Аргентина со Меси нема триумф ниту на Светското првенство, ниту на Копа Америка. 
По неуспехот во Русија од минатиот месец, Меси најави дека му е потребен одмор и пауза од дресот на „гаучосите“. 

 

Најнови вести