Корисничко име Лозинка Пријави се
13.9.2018

Има сигнали од Џенова - Горан Пандев гостин на легендарната „Бомбонера“

Фудбалскиот клуб Џенова слави прекрасен јубилеј, 125 години од формирањето, а во најава е можен двомеч со пријателскиот клуб од Аргентина, Бока јуниорс.

Горан Пандев, неговите соиграчи и сите од фудбалскиот клуб Џенова се во славеничко расположение по повод 125-годишниот јубилеј на еден од најстарите клубови на светот, а круна на прославата би бил двомеч со Бока јуниорс.
Такви сигнали има од Џенова, за можен двомеч со братскиот клуб од Аргентина, што би било спектакуларно и за капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев.
Меч на легендарната „Бомбонера“ како еден од моментите за паметење во кариерата на 35-годишниот струмичанец.
Џенова и официјално е првоформираниот фудбалски клуб во Италија, основан на 7-ми септември 1893 година, а интересно е пријателството со Бока јуниорс, еден од најславните клубови во историјата на фудбалот.
Клубот на Марадона, Каниџа, Рикелме, Руџери, Палермо… и уште на стотина светски познати фудбалери кои го носеле „сино-жолтиот“ дрес на Бока јуниорс, е формиран од емигранти од Џенова. Именуван е по пристаништето во Џенова, популарното „Бокадазе“, па од 1905 година, кога е основан аргентискиот гигант, трае нераскинливото пријателство меѓу двата клуба.
Еден од многуте симболи на Бока јуниорс е стадионот „Алберто Армандо“, или многу попознат како „Ла Бомбонера“, легендарно здание, едно од десетте најпознати во светот со: бразилска „Маракана“, „Сантијаго Бернабеу“, домот на Реал Мадрид, „Камп ноу“ на Барселона, „Олд Трафорд“ на Манчестер јунајтед... 

 

Најнови вести