Корисничко име Лозинка Пријави се
23.5.2018

Аргентина остана без првиот голман Ромеро

Аргентинскиот голман Серхио Ромеро ќе го пропушти претстојното Светско првенство бидејќи доживеа повреда на коленото, објави Фудбалската федерација на Аргентина.

Владејачкото тело на аргентинскиот фудбал додаде дека одлуката за замена на Ромеро ќе биде донесена во наредните неколку дена.
Голманот на Манчестер јунајтед требаше да биде прв избор на Аргентина на Мундијалот, но сега неговата улога би можело да ја преземе Франко Армани од Ривер плејт.
Покрај нив двајца, на списокот со патници за Русија кај голманите се најде и Вили Кабалјеро од Челзи.
Светското првенство во Русија на програмата е од 14-ти јуни до 15-ти јули, а Аргентина ќе игра во групата Д со Исланд, Хрватска и Нигерија.

Најнови вести