Корисничко име Лозинка Пријави се
15.8.2018

Барселона конечно победи на пријателски натпревар

Каталонците со 3-0 го совладаа аргентинскиот првак Бока јуниорс

Барселона конечно издвои победа на пријателски натпревар за ова лето, oткако загуби на претходните три контролки. Фудбалерите на Ернесто Валверде овој пат без потешкотии го совладаа тимот на Бока јуниорс. Триумфот од 3-0 го започна Малком во 18-тата минута од средбата, а Меси зголеми на 2-0 пред финишот на првото полувреме. Конечниот резултат го постави Рафиња во 67-мата минута.

Шпанскиот шампион со овој меч ги завршува претсезонските подготовки и се насочува кон отворањето на новото издание на Ла Лига, каде што во првото коло на „Камп ноу“ ќе го пречека Алавес.

Најнови вести