Корисничко име Лозинка Пријави се
05.8.2018

Чудо во Брисел, Андерлехт и Остенде искомбинираа „седмица“ во второто полувреме

Приспивно прво полувреме, без голови одиграа Андерлехт и Остенде, а потоа се случи вистинска експлозија од погодоци во продолжението од мечот. Фаворитот Андерлехт славеше со 5:2

Интересен меч во рамките на второто коло во белгиското првенство одиграа Андерлехт и Остенде. По првиот дел мрежите мируваа, а потоа за само 45 минути беа постигнати дури 7 голови.
Најдобриот играч на мечот Иван Сантини најави голеада на почетокот на вториот дел, а Хрватот дуелот го заврши со хет-трик. Димата постигна два гола за Андерлехт, додека на спротивната страна за Остенде прецизни беа Гури и Миловиќ.

 

Најнови вести