Корисничко име Лозинка Пријави се
14.8.2014

Дефур во Андерлехт за шест милиони

Белгискиот репрезентативец Стивен Дефур прејде од Порто во Андерлехт за рекордни шест милиони евра.

Дваесет и шестгодишниот Дефур игра на средината на теренот, а со Андерлехт потпиша петгодишен договор.
„Знам дека како фудбалер на Стандард против Андерлехт секогаш играв остро и пожртвувано. Не беше лесно, но секогаш го почитував клубот од Брисел“, изјави Дефур по потпишувањето на договорот.
Дефур со Порто освои две шампионски титули во Португалија, а за Стандард играше од 2006 до 2011 и со нив два пати беше шампион во Белгија и еднаш победник во националниот куп.
За белгиската репрезентација досега има 44 настапи и два постигнати голови.


Најнови вести