Корисничко име Лозинка Пријави се
13.11.2014

Митровиќ е цел на Њукасл

Англискиот премиерлигаш Њукасл е заинтересиран за Александар Митровиќ, напаѓачот на Србија и на Андерлехт, пренесуваат англиските медиуми.

Митровиќ дојде во фокусот на светската јавност минатата недела, кога во продолжението го постигна изедначувачкиот погодок против Арсенал во Лигата на шампионите.
Дваесетгодишниот напаѓач во кариерата постигна 52 гола на 127 натпревари, додека за Андерлехт беше стрелец 23 пати на 47 натпревари во Првата лига на Белгија.
„Чавките“ сакаат да доведат уште еден напаѓач, иако младиот Шпанец Ајозе Перез е во добра форма.
Договорот на Митровиќ со белгискиот шампион му истекува во 2018 година, а Њукасл би можело да го доведе за пет милиони фунти.

Најнови вести